• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: Останувањето на власт како цел сама за себе

Николоски: Останувањето на власт како цел сама за себе

Скопје, 23 септември 2022 

Последниов период станува мачно да се следат серијата неуспеси на Владата на СДСМ и ДУИ и немањето капацитет да се одговори на ниеден предизвик. Нема сектор во која има успех! Економски Македонија тоне како во бездна, инфраструктурни проекти нема не се градат автопати и железници, постојните се во очајна состојба, здравството културата и образованието тонат од ден во ден, а корупцијата цвета на сите страни. Доаѓа зима во која е неизвесно дали воопшто ќе има доволно електрична енергија и греење. Дополнето на ова целото национално понижување кон Бугарија од кое единствен ефект е понижувањето на македонскиот народ. Во вакви услови секоја влада која малку сака да задржи до себе и нејзините членови да го зачуваат образот и угледот поднесува оставка! Оставаат на други да покажат што и колку можат, па во иднина со зачуван образ и достоинство бараат следна можност од гласачите. Во Македонија владата на СДСМ и ДУИ и помалите партии сателити на двете големи останува по секоја цена. Резултати нема но затоа власта мора да се чува. Нема ни визија како да се решат проблемите. Затоа се се сведува на гола пропаганда, напад на ВМРО ДПМНЕ за се и сешто, како и дисциплинирање во „своите редови. Најдобар доказ за ова се случувањата во ЛДП, каде непослушниот кон СДСМ претседател на партија се менува и се инсталира послушник така правејќи класичен сателит од ЛДП, а не автохтона политичка партија и испраќајќи порака кон останатите помали коалициони партнери дека истото ги чека и нив, доколку беспоговорно не ја следат политиката на СДСМ и ДУИ. Уцени, закани со афери, мешање во приватен живот низ масовна злоупотреба на институциите само за да се остане час поскоро ден поскоро. Тоа го гледаме во случајот со ЛДП. Најдобар доказ дека се нема никаква стратегија од една страна и дека криминалот цвета од друга страна, се неуспесите во енергетиката и аферата со пасоши за белосветски криминалци која деновиве пак добива на значај. За енергетиката откако се потврдија сите наши (доста пишував за ова на страниците на Фокус) грижи дека нема никаков план да се зголеми домашното производство на струја и дефинитивно ќе се оди на масовен увоз, сега гледаме дека немаат ни од кај да увезат струја. Одат молат по Бугарија, по Грција, по Србија а сега најавуваат и Турција, ама е толку доцна што веќе никој не е спремен да продаде или резервира капацитети под пазарната цена. Можат уште 10 пати да им ги „дадат” Св. Кирил и Методиј, Св Климент и Св. Наум на Бугарите, но тие струја поевтина од берзанската нема да дадат. Да е трагедијата најголема потребните средства за набавка на струја ги нема. Самиот министер за финансии Бесими признава дека за првите шест месеци од оваа година потрошени се 300 милиони евра за набавка на енергенси, а не кажува што со следните месеци и како ќе се преживее зимата нити од каде ќе се обезбедат средства. Така што долга студена зима е пред македонските граѓани. Аферата со македонските пасоши за светски криминалци добива на важност деновиве откако беше ликвидиран Јован Вукотиќ водач на криминален клан за трговија со дрога и за жал носител на лажен македонски пасош, а беше уапсен помошникот на контроверзниот Седат Пекер кој исто така има лажен македонски пасош. Оваа афера која целосно ја покажа ранливоста на македонскиот безбедносен систем и исто така ја покажа корупцијата во сите пори на општеството заврши со одговорност само на ситните риби. Крупните се спасија злоупотребувајќи ја својата позиција, но срамот за Македонија остана. Во услови на ваква економска и енергетска криза, како и масовно раширена корупција единствената логика зашто владата на СДСМ и ДУИ останува по секоја цена на власт е криминал, привилегии и корупција. Но, за тоа се одговара порано или подоцна правдата стига. Не за долго ќе ги стигне и сегашните окупатори на власта... Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот „Фокус“ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан