• сабота, 06 јули 2024

Низа активности по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на незвисноста

Низа активности по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на незвисноста
Делчево, 4 септември 2022 (МИА) - Општина Делчево со низа активности ќе ги одбележи двата значајни датуми, Денот на ослободувањето на Делчево - 7 Септември и Денот на независноста на Република Северна Македонија - 8 Септември. Свечената програма во траење од пет дена, како што информираа од Општината ќе се реализира во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“, Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ и општинските училишта. - Централниот настан ќе започне во 10 часот на 7 септември 2022, со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, по што ќе следува свечено пуштање во употреба на градската фонтана „Бесконечност“. Со почеток во 11 часот е закажана Свечена седница на Советот на Општина Делчево, додека во 19 часот истиот ден ќе се одржи промоција на монографијата „Паметници на Делчево- манастири и сеќавања на царевоселци“ од Драган Арсов и Софрон Ѓеоргиевски (фоаје на спомен-дом АСНОМ), информираа од Општината. Во рамки на активностите за одбележувањето на двата значајни датуми, претходно ќе бидат пуштени во употреба новоизградената конгресна сала во гимназијата „М.М.Брицо“, како и инклузивното игралиште во дворот на деветолетката „Ванчо Прке“. - Во музичкиот дел во рамки на одбележувањето на значајните датуми на Летната сцена ќе се одржи Вечер на староградска песна во чест на Слободан Илиоски, додека во делот на спортот на 7 септември 2022 ќе се одржи и турнир во пинг-понг, додадоа од Општината. Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста е и Меѓународниот фолклорен фестивал Делчево Фест 2022. вс/мс/

Остани поврзан