• недела, 22 декември 2024

Нејмар ќе отсуствува еден месец, Ал-Хилал размислува за раскинување на договорот

Нејмар ќе отсуствува еден месец, Ал-Хилал размислува за раскинување на договорот

Ријад, 7 ноември 2024 (МИА) - Ал-Хилал ја разгледува можноста предвреме да го раскине договорот со напаѓачот Нејмар, соопшти каналот „Екшн Ма3 Волд“, кој ги има правата за пренос на натпревари од првенството на Саудиска Арабија.

Според изворот, клубот би можел да се раздели со играчот во јануари 2025 година.

Бразилецот (32) веќе подолго време се опоравува од тешката повреда и на вториот меч заработи нова повреда по враќањето на терените. Се очекува да паузира околу еден месец.

На 4 ноември, Нејмар играше во Азиската Лига на шампиони против Естеглал, влегувајќи како замена во 58. минута, но го напушти теренот по 30 минути поради истегнување на тетивата.

Бразилскиот напаѓач минатото лето се пресели во Ал-Хилал. Вкупно има седум настапи за саудискиот тим, постигна еден гол и три асистенции. Договорот на Нејмар со клубот е до летото 2025 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан