• сабота, 02 ноември 2024

Нејмар нема да игра на Копа Америка во 2024 година

Нејмар нема да игра на Копа Америка во 2024 година

Бразилија, 20 декември 2023 (МИА) - Лекарот на бразилската репрезентација Ласмар изјави дека напаѓачот Нејмар нема да учествува на Копа Америка во 2024 година. Турнирот ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

- Рано е, нема смисла да се забрза текот на рехабилитацијата. Очекуваме да биде подготвен да се врати на почетокот на европската сезона во 2024 година, а тоа е во август, изјави Ласмар за Радио 98.

Нејмар на 18 октомври доби тешка повреда на натпреварот на бразилската репрезентација против Уругвај (0:2) на квалификацискиот турнир за СП 2026 година - кинење на вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено.

Ова лето напаѓачот се пресели во Саудиска Ал-Хилал од ПСЖ. Успеа да одигра пет натпревари за тимот, постигна еден гол и три асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан