• понеделник, 23 декември 2024

Аморим: Понудата од Јунјатед беше „сега или никогаш“

Аморим: Понудата од Јунјатед беше „сега или никогаш“


Лисабон, 2 ноември 2024 (МИА) – Понудата од Манчестер јунајтед беше „сега или никогаш“, обелодени денеска новиот тренер на англискиот клуб Рубен Аморим, додавајќи оти неговата желба било да се пресели на Олд Трафорд, откако ќе ја заврши оваа сезона на клупата на Спортинг од Лисабон.
Манчестер Јунајтед во петокот објави дека Аморим ќе го наследи Ерик тен Хаг на испразнетото тренерско место на 11 ноември.
„Претседателот на клубот може да потврди дека на почетокот на сезоната имав разговор со него и му кажав дека што и да се случи, сакам да го завршам во Спортинг. Му кажав дека оваа сезона ќе биде мојата последна во тимот“, изјави Аморим по вчерашната победа на Спортинг од 5-1 над Естрела во португалското првенство.
„Досега работите се одвиваа многу добро, но Јунајтед дојде и откако претседателот ја прифати нивната понуда, тие ја платија и откупната клаузула. Јас лично ништо не разговарав со него. Мојата единствена желба беше тоа да се случи по крајот на сезоната, но ми рекоа дека е невозможно, рекоа сега или никогаш“, обелодени Аморим. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан