• недела, 22 декември 2024

Нејмар би можел да се врати во родниот Сантос во 2025 година

Нејмар би можел да се врати во родниот Сантос во 2025 година

Мадрид, 27 септември 2023 (МИА) - Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар може да се врати во бразилскиот шампионат во 2025 година.

 

„Sport.es“ објави дека 31-годишниот фудбалер сака во иднина да се врати во својот матичен клуб Сантос за со овој тим да се подготви за Светското првенство во 2026 година.

 

Токму поради оваа причина Нејмар не потпиша четиригодишен туку едногодишен договор со Саудијците.

 

Исто така, се известува дека Бразилецот веќе стапил во контакт со Сантос за неговото враќање.

 

Нејмар се пресели во Ал-Хилал во летото 2023 година. Во моментов нема постигнато ниту еден гол и има две асистенции на три натпревари за тимот.

 

Претходно беше објавено дека Нејмар побарал оставка од тренерот на Ал Хилал, Хорхе Жесус. Меѓутоа, подоцна фудбалерот оваа информација ја нарече глупост.

 

Нејмар потекнува од младинската школа на Сантос. Тој беше во клупскиот систем од 2003 до 2013 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан