• петок, 10 мај 2024

Неш: Во следните недели Харден ќе биде во врвна форма

Неш: Во следните недели Харден ќе биде во врвна форма

Њујорк, 26 октомври 2021 (МИА) - Тренерот на Бруклин, Стив Неш, вети дека ѕвездата на тимот, Џејмс Харден наскоро ќе ја подобри својата игра.

  • Харден е сè уште одличен играч, дури и сега кога не е во својата најдобра форма. Сè уште веруваме во него. Џејмс ќе го достигне својот врв во наредните недели, изјави Неш.

На четири натпревари од почетокот на сезоната, Харден има просек од 17,3 поени, 7,0 скока и 8,3 асистенции по натпревар, шутирајќи 36,4 % од поле. зс/

Остани поврзан