• понеделник, 23 декември 2024

Непознати напаѓачи убија девет странци во Иран

Непознати напаѓачи убија девет странци во Иран

Техеран, 27 јануари 2024 (МИА) - Непознати вооружени лица денеска убија девет лица во градот Сараван во провинцијата Систан и Белучистан во југоисточен Иран, јавија локалните медиуми.

Официјалните медиуми сè уште не објавија детали за пукањето и ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста за нападот.

Група за застапување на народот Балуџа на интернет сподели фотографии на кои се прикажани телата на жртвите и објави дека се ранети уште три лица. Во објавата се наведува дека сите се пакистански државјани, дека се идентификувани четири жртви, наведувајќи дека сите загинати се работници во автомеханичарска работилница. ссм/

фото: архива

Остани поврзан