Непознати лица упаднаа во амбасадата на Сирија во Атина
- Неколку непознат лица утрово упаднаа во амбасадата на Сирија во Атина, го поставија старото знаме на земјата односно т.н. знаме на бунтовниците, по што интервенираше полицијата и приведе дел од нив, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 8 декември 2024 (МИА) – Неколку непознат лица утрово упаднаа во амбасадата на Сирија во Атина, го поставија старото знаме на земјата односно т.н. знамето на сириската опозиција, по што интервенираше полицијата и приведе дел од нив, јави дописничката на МИА од Атина.
Лицата освен што поставиле големо знаме на балконот од објектот, ја скинале и фотографијата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Според грчките медиуми во зградата упаднале три-четири лица. поддржувачи на бунтовниците, по што, двајца од нив си заминале доброволно, а останатите биле приведени по интервенцијата на полицијата.
Паралелно, на официјалната страница на Фејсбук на сириската амбасада во Грција, променети се фотографиите и ставено старото знаме со три ѕвезди, истото она што беше поставено и на објектот. ср/ссм/