• сабота, 05 октомври 2024

Некста: Обид за атентат врз Зеленски при вчерашната посета на поплавениот Херсон

Некста: Обид за атентат врз Зеленски при вчерашната посета на поплавениот Херсон

Херсон, 9 јуни 2023 (МИА) - Русите се обиделе да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата вчерашна посета на Херсон, тврди белорускиот портал Некста.

Зеленски вчера пристигна во Херсонската област за да ги посети поплавените подрачја по уривањето на браната Нова Каховка.

На првото видео што беше објавено од порталот, Зеленски може да се види како разговара со локалните жители кои се подготвуваат за евакуација, по што тој заминал за Миколаив, град кој исто така беше погоден од поплавите.

Но, веднаш по заминувањето на Зеленски и неговата делегација, улицата во Херсон каде што стоеше со жителите стана цел на силно руско гранатирање, што сугерираше дека Русите знаеле дека Зеленски е таму и се обиделе да го убијат, наведе белорускиот портал Некста . сд/

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан