• недела, 18 август 2024

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против 42 лица за незаконско преземање на синдикатот

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против 42 лица за незаконско преземање на синдикатот

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Независниот синдикат на професионални војници соопшти дека вчера до Основното јавно обвинителство – Скопје поднел кривична пријава против 42 лица учесници во неколку криминални дела со цел на незаконски начин да се преземе правен субјект – Синдикат.

Како што наведуваат од Независниот синдикат, поднесената кривична пријава се однесува на седум припадници на Армијата на Република Северна Македонија (од кои двајца претходно имаат кривична пријава за слично дело), еден поранешен припадник на безбедносните служби во Армијата на Република Северна Македонија, три лица вработени во Министерството за труд и социјална политика (Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување) и 31 цивилно лице кои учествувале во организирање и реализирање на незаконски дејства со цел да се изманипулираат институциите за да се промени овластеното лице на синдикат и да се придобијат на нелегален начин финансиските средства на синдикатот од членарината на вработените.

-Пријавените лица ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по член 394 од Кривичниот законик, кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од Кривичниот законик и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 од Кривичниот законик, сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и кривично дело „надриписарство“ од член 353 од Кривичниот законик и кривично дело „надриписарство“ од член 381-а од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.

Ова е втора кривична пријава во период од осум месеци што ја поднесува Синдикатот против лица кои прават криминални дела за да се преземе синдикат и да се направи штета на стотици вработени лица. вг/са/

Фото: Независен синдикат на професионални војници

Остани поврзан