• сабота, 23 ноември 2024

Неделен извештај: Водата за пиење во град Скопје е безбедна и квалитетна

Неделен извештај: Водата за пиење во град Скопје е безбедна и квалитетна
Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) - Водата за пиење во град Скопје е безбедна и квалитетна, согласно добиените резултати од испитувањата сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Во неделниот извештај кој го објавува ЈП „Водовод и канализација“ стои дека Секторот за санитарна контрола во периодот од во периодот од 14.06.2021 до 18.06.2021 земал 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, се наведува во соопштението. свс/сп/

Остани поврзан