• четврток, 11 јули 2024

Неготино со апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на пожарот да се пријават во Општината 

Неготино со апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на пожарот да се пријават во Општината 

Неготино, 11 јули 2024 (МИА) - Локална самоуправа Неготино упати апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на големиот пожар во неготинско, да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045. Ваквиот апел е само еден од заклучоците на денешниот состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. 

Локална самоуправа Неготино упати апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на големиот пожар во неготинско, да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045. Ваквиот апел е

- Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места, се вели во заклучоците. 

Меѓу заклучоците се и тие, да се изврши активирање на доброволните противпожарни друшта на општина Неготино и општина Демир Капија, да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен. свд/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан