• недела, 04 август 2024

Неготинка пријавила физички напад од вонбрачен партнер, тој пак ја пријавил дека кршела во домот

Неготинка пријавила физички напад од вонбрачен партнер, тој пак ја пријавил дека кршела во домот

Кавадарци, 4 август 2024 (МИА) - Неготинка пријавила физички напад од вонбрачен партнер, тој пак ја пријавил дека кршела во домот, информираа денеска од СВР Велес.  

- Синоќа во 21.20 часот во Полициска станица Кавадарци, 32-годишна жена од Неготино пријавила дека во домот во кој  вонбрачно живеела заедно со 50-годишен маж од Неготино, тој физички ја нападнал. Подоцна, 50-годишниот маж пак,  во 21.30 часот на полициски службеници од ОВР Неготино, им пријавил дека 32-годишната жена кршела и оштетувала предмети во домот. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму исто така информираа дека вчера во 15.45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Р.Џ.(27) од Штип, кој бил баран по потерница поради бегство од Затвор Куманово. Р.Џ. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната. свд/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан