МВР билтен (ДПЛ)
- Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, вчера во 22.35 часот во Охрид, при преглед врз Б.Т.(35) од Велес, пронајдоа и одзедоа марихуана
Скопје, 4 август 2024 (МИА) - Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, вчера во 22.35 часот во Охрид, при преглед врз Б.Т.(35) од Велес, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, утринава во 02.40 часот, приведен е П.М.(25) од Струшко. При извршена контрола од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, тој се обидел да фрли бела прашкаста материја што ја имал кај себе. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Полициското одделение во струшкото село Велешта, доцна синоќа година во 00.40 часот, од слобода се лишени А.О.(21) и Л.Б.(25), двајцата од Либражд, Република Албанија. Тие се сомничат дека на подрачјето извршиле повеќе кривични дела кражба и тешка кражба. По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во СВР Велес денеска во 08.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес-село Извор, во близина на село Бусилци, општина Чашка, патничко возило ,,фиат браво" со велешки регистарски ознаки, управувано од А.К.(75) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.К.(70) од Велес, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Во Полициската станица Радовиш синоќа во 00.30 часот било пријавено дека на регионален пат Р1403, помеѓу селата Подареш и Калугерица, радовишко, малолетно лице од село Калугерица управувајќи мопед „хонда“ без регистарски ознаки, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
П.С.(47) од Скопје утрово во 01.50 часот во СВР Скопје пријавил дека вчера околу 23.00 часот пред бензинска пумпа на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.С.(65) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во трговски центар на подрачјето на Центар. За настанот бил известен трудов инспектор и излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
Ќ.М.(54) од село Сарај, скопско вчера во 16.00 часот во СВР Скопје пријавил дека пред вратата од неговиот дом пронашол паднато заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17.00 часот го лишиле од слобода В.Б.(44) од скопско село, по претходна пријава дека истиот ден во домот извршил физички напад и обљуба врз неговата 43-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22.50 часот ги лишиле од слобода М.С.(32) и Ш.С.(29) двајцата од село Слупчане, општина Липково, по претходна пријава дека околу 20.00 часот во населбата Бедиње во Куманово, заедно со уште неколку други лица, физички го нападнале И.И.(36) од село Опае, кумановско, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
С.П. вчера во 11.20 часот во Полициската станица Крива Паланка пријавил дека околу 10.30 часот во Крива Паланка бил физички нападнат од Н.Ј.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во СВР Штип вчера во 09.45 часот било пријавено дека околу 08.15 часот во нива, на место викано „Брестика“, атар на село Долни Балван, општина Карбинци, А.М.(33) од село Чардаклија-штипско бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка. Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/
Фото: МИА архива