• петок, 17 мај 2024

НБА: Убедливи победи на Бостон и Оклахома

НБА: Убедливи победи на Бостон и Оклахома

 

Њујорк, 8 мај 2024 (МИА) – Првите носители во своите конференции во американската професионална кошаркарска НБА лига, Бостон на Истокот и Оклахома на Западот, со убедливи домашни победи ги почнаа своите конференциски полуфиналиња.

Бостон синоќа го победи Кливленд со 120-95, додека Оклахома беше подобра со 117-95 од Далас.

Џејлен Браун со 32 поени го предводеше Бостон до стартната победа, додека Шеј Гилџес – Александер беше најефикасен во дресот на Оклахома со 29 кошеви.

Вторите натпревари, исто така, ќе се играат во Бостон и Оклахома, а на програмата се ноќта меѓу четврток кон петок.

Во конференциското финале ќе се пласираат поуспешните екипи во сериите до четири победи. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан