• вторник, 05 ноември 2024

НБА: Трета МВП награда за Јокиќ

НБА: Трета МВП награда за Јокиќ

 

Њујорк, 9 мај 2024 (МИА) – Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (29) е прогласен за најкорисен играч во НБА лигата, трет пат во последните четири сезони.

Јокиќ доби 926 поени во гласањето и убедливо победи пред ѕвездата на Оклахома, Канаѓанецот Шеј Гилџес-Александер, додека Словенецот Лука Дончиќ беше трет, а Гркот Јанис Антетокунмпо на четвртото место.

Последен пат еден американски кошаркар го освои признанието за најкорисен играч во 2018 година, кога наградата му припадна на Џејмс Харден.

Јокиќ сезонава има просек од 26,4 кошеви, 12,4 скокови и девет асистенции по натпревар, заедно со 1,4 украдени топки и 0,9 блокади.

Неговиот Денвер Нагетс ја заврши регуларниот дел од сезоната со рекорд од 57 победи и 25 порази, но Нагетс имаат тешка задача да ја одбранат титулата, бидејќи треба да ја надополнат негативата од 0-2 против Минесота, која ги победи двата пати во Денвер, во полуфиналето на Западот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан