• сабота, 22 јуни 2024

НБА: Далас втор финалист

НБА: Далас втор финалист

 

Њујорк, 31 мај 2024 (МИА) – Кошаркарите на Далас се пласираа во финалето во НБА лигата, откако на гостински терен ја победија Минесота со 124:103 во петтиот натпревар од финалето на плејофот на Западната конференција.

Далас ја победи Минесота со 4:1 во серијата до пет победи, а во големото финале за титулата ќе игра против шампионот на Истокот, Бостон, кој ја победи Индијана со 4:0.

Далас до победата го предводеа Лука Дончиќ со 36 поени, од кои 20 постигна во првата четвртина, а имаше и 10 скокови и пет асистенции, и Кајри Ирвинг со 36 поени, пет асистенции и четири скокови.

Финалето стартува на 6 јуни, а Бостон е домаќин на првиот натпревар. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан