На 2 април завршува акцијата на „Водовод и канализација“ - Скопје за отплата на долгови без пресметка на камата
- ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и завршува заклучно со 2 април 2025 година.

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и завршува заклучно со 2 април 2025 година.
- Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата, се вели во соопштението.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од Град Скопје, како и од општините во Град Скопје.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
Граѓаните за повеќе информации за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје можат да се јават на 02 3073 010 и 02 3240 300 или на електронските адреси: kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk и www.facebook.com/jpvodovod.skopje мд/дма/
Фото: МИА архива