На предвремените избори во Шри Ланка победи левичарската коалиција на претседателот Дисанајаке
- Левичарската коалиција на претседателот на Шри Ланка, Анур Кумар Дисанајаке извојува убедлива победа на предвремените општи избори. Коалицијата Национална народна моќ (НПП) на Дисанајаке освои 137 од 196 мандати односно двотретинско мнозинство
Коломбо, 15 ноември 2024 (МИА) – Левичарската коалиција на претседателот на Шри Ланка, Анур Кумар Дисанајаке извојува убедлива победа на предвремените општи избори. Коалицијата Национална народна моќ (НПП) на Дисанајаке освои 137 од 196 мандати односно двотретинско мнозинство.
Локалните медиуми прогнозираат дека нивниот број ќе надмине 150 во 225-члениот Парламент откако ќе бидат распределени повеќе места според системот на пропорционална распределба на пратеничките места. Тоа ќе му даде на Дисанајаке големи овластувања дури и да го укине спорното извршно претседателство како што планираше.
Претседателот на Шри Ланка ветуваше и дека ќе се обиде да ја приспособи програмата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што ја извлече земјата од економската криза.
Дисанајаке е политички аутсајдер во земја во која со децении доминираат семејни партии, а убедливо победи на претседателските избори во септември. Но, неговата коалиција имаше само три места во Парламентот пред вчерашните предвремени избори. ми/
фото: ЕПА