• сабота, 23 ноември 2024

На огласот на милијардерот Маезава се пријавиле над 20.000 кандидатки

На огласот на милијардерот Маезава се пријавиле над 20.000 кандидатки
Токио, 17 јануари 2020 (МИА) - Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава во понеделникот објави дека бара придружничка на неговото туристичко патување на Месечината, но и воопшто - во животот. На огласот досега се пријавиле над 20.000 жени – Полека ме обземаат чувствa на осаменост и празнина. Затоа, постојано размислувам за едно нешто: Сакам да сакам една жена, напиша Маезава на својата интернет-страница, додавајќи дека не би било никаков проблем ако кандидатката не знае јапонски јазик. Маезава (44) е првиот добитник на билети за туристичко патување до Месечината, кое го организира Спејс-Икс и е закажано за 2023 година. Познат е и по тоа што пред минатата седмица преку Твитер на своите следачи им подели девет милиона долари. - Сакам да најдам животна партнерка и од Вселената да испратам порака за нашата љубов и мир во светот, нагласи Јапонецот. Тој е основач на најголемиот јапонски трговски синџир за облека - Зозо. Неговиот вкупен имот се проценува на две милијарди долари. си/ми/

Остани поврзан