• вторник, 26 ноември 2024

На Малта тројно зголемено „онлајн“ купувањето на таблети за абортус

На Малта тројно зголемено „онлајн“ купувањето на таблети за абортус
Валета, 13 јуни 2020 (МИА) - За време на пандемијата со Ковид-19, на Малта трипати е зголемен бројот на нарачки на интернет на таблети за абортус, објави британскиот весник Гардијан. На Малта абортусот е забранет во сите случаи, поради што единствен начин за прекин на бременоста е нарачување на таблети за абортус. Но, и тоа е кривично дело. Нарачките на таблети за абортус тројно се зголемени за време на пандемијата со новиот коронавирус, бидејќи жените, поради затворените граници не можат да патуваат во странство, наведе Гардијан. Законот за забрана на абортусот на Малта датира од британскиот колонијален период. Според кривичниот закон на Малта, секој кој бара помош или помага при абортус може да биде осуден на затворска казна до три години. ми/

Остани поврзан