• понеделник, 01 јули 2024

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти, слободни кревети има
Скопје, 18 мај 2021 (МИА) - На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, од кои 264 во болниците низ земјава и 193 на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид центрите има околу 680 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство. Поради намалениот број на болни, од МЗ информираат дека болниците затвориле дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 47 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 11 во Кичево 6, Кавадарци 8, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Од МЗ информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород и дека имаат увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, додека вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 10 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 45 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. Од МЗ информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. аа/дма/

Остани поврзан