• сабота, 18 мај 2024

На десет дена до крајот на пописот, во Косово се попишале над 1,2 милиони лица, кај Србите и натаму има отпор

На десет дена до крајот на пописот, во Косово се попишале над 1,2 милиони лица, кај Србите и натаму има отпор

Приштина, 6 мај 2024 (МИА) – Агенцијата за статистики на Косово (АСК) соопшти дека на десет дена до крајот на процесот за регистрација, кој започна на 5 април и ќе трае до 17 мај, досега во Косово се попишале еден милион и 204 илјади и 560 граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вршителот на должноста извршен директор на АСК, Авни Кастрати на денешната прес-конференција рече дека сé уште има отпор кај српската заедница во Косово, но според него, дел од нив се регистрира. Сепак, рече Кастрати, проценките се дека пописот се одвива според планираното.

„Генерално, проектот за попис на населението е при крај и немаме никакви проблеми на терен. Притоа, немаме поголеми одбивања од граѓаните, дури и оние малкумина по дискусиите ги прифаќаат како јавно добро. Опремата исто така функционира добро и немаме никакви проблеми на терен“, рече Кастрати, додавајќи дека се надеваат на поголема посветеност, но и да продолжи како досега, според него, „процесот ќе заврши успешно“.

Идрис Шала од АСК рече дека некои од Србите на север одбиваат да се попишат, но има и кои учествуваат во процесот.

„Можете да ги видите податоците според кои досега се попишани над 1,2 милиони граѓани и пописот се одвива според планот. И заедниците, исто така, сите учествуваат. Во некои општини на север кај Србите се уште има двоумење, но дел од нив се попишуваат“, рече Шала. иа/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан