• понеделник, 15 декември 2025

На грчки брод откриени неколку тони кокаин

На грчки брод откриени неколку тони кокаин

Атина, 15 декември 2025 (МИА) – Најмалку пет лица се уапсени на грчки брод додека пловел во Атлантскиот океан, во сопственост на познат грчки наркобос, а откриена е поголемо количество кокаин што може да достигне и до над пет тони, јави дописничката на МИА од Атина.

Полициската истрага е во тек и засега не постојат официјални информации, но според медиумите акцијата била спроведена од Секторот за борба против дрога на грчката полиција и во соработка Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).

Бродот тргнал од Грција за Латинска Америка, каде што била преземена дрогата и се вратил кон Европа, бил откриен во близина на Атлантскиот Океан и според медиумите веќе два дена со помош на француската морнарица се извлекува кон францускиот брег.

Уапсени се пет лица на неколку локации во Грција, а меѓу уапсените, според првичните информации е и познат грчки наркобос.

Дополнително, уапсени биле и членовите на екипажот.

Првичните неофицијални информации во Грција утрово беа дека бил запленет над еден тон кокаин, но во тек било мерењето и количината може да достигне до пет или повеќе тони. ср/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан