• понеделник, 04 ноември 2024

На грчкиот остров Гавдос пристигнале 76 мигранти

На грчкиот остров Гавдос пристигнале 76 мигранти

Атина, 20 август 2024 (МИА) – Со три чамци, на малиот грчки остров Гавдос утрово пристигнале 76 мигранти, а според градоначалничката Лилиан Стефанаки сите се во добра здравствена состојба, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, рибари од островот им помогнале на мигрантите да стигнат на копно, а попладнево се очекува да бидат пренесени на Крит, каде што се спроведуваат соодветните процедури за регистрација.

Станува збор за мигранти од Сирија, Египет, Судан и Бангладеш, а меѓу нив има шест деца и четири жени.

Гавдос е мал остров со 208 постојани жители, се наоѓа јужно од Крит и е најјужната точка на Грција и Европа. ср/ссм/

Остани поврзан