• понеделник, 15 јули 2024

На Антарктикот регистриран земјотрес со јачина до шест степени

На Антарктикот регистриран земјотрес со јачина до шест степени
Москва, 19 ноември 2020 (МИА) - Рускиот институт за истражување на Арктикот и Антарктикот соопшти дека станицата  „Белингсхаузен“ регистрирал земјотрес со јачина од 4,7 до 6,0 степени со епицентар на оддалеченост од 40 до 50 километри од станицата и длабочина од 1,5 до 10 километри, пренесе агенцијата ТАСС. Руските поларни станици во моментов вршат подготовки како дел од 66-та руска експедиција на Антарктикот. „Белингсхаузен“ се наоѓа на островот Кинг Џорџ, најголемиот од Шетландските острови. Станицата е отворена во 1968 година и е најсеверната руска станица на Антарктикот. паг/  

Остани поврзан