• понеделник, 04 ноември 2024

Најмногу дожд изминатото деноноќие во Крушево, најстудено на Попова Шапка

Најмногу дожд изминатото деноноќие во Крушево, најстудено на Попова Шапка

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево 16 литри на квадратен метар,  14 во Битола и Попова Шапка, 12 во Тополчани, 11 во Прилеп, 10 во Претор, 9 во Пожаране и Маврови Анови, 6 во Охрид, Гевгелија и Дебар, 4  воТетово, Лазарополе, Демир Капија, Велес и Кавадарци, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Скопје-Петровец и само еден литар на квадратен метар во Струмица.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени шест степени, а најтопло во Гевгелија 16 степени.

Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, претежно во јужните делови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. дма/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан