• сабота, 22 јуни 2024

Најмалку 47 лица го загубија животот во поплави во јужна Кина

Најмалку 47 лица го загубија животот во поплави во јужна Кина

Пекинг, 21 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 47 лица го загубија животот во поплави и лизгање на земјиштето поради обилните дождови во јужна Кина.

Поплави ја зафатија провинцијата Гуангдонг, а властите денеска предупредуваат на нови поплави во другите делови на земјата.

Во округот Пингјуан има голема материјална штета, објави ЦЦТВ.

Најобилниот дожд наврна од неделата до вторникот. Патот кој води до округот Меикијан е целосно уништен.

Директна економска загуба од 3,65 милијарди јуани (502 милиони долари) е проценета во округот Џиаолинг, додека во округот Меикијан загубата е 1,06 милијарди јуани (146 милиони долари). рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан