Најмалку 31 загинат во престрелка во Тајланд
- Најмалку 31 лице е убиено во престрелка во североисточниот дел на Тајланд, изјави портпарол на полицијата.
![Најмалку 31 загинат во престрелка во Тајланд](https://new.mia.mk/images/20221113235705_big_730x400_97.webp )
Банкок, 6 октомври 2022 (МИА) - Најмалку 31 лице е убиено во престрелка во североисточниот дел на Тајланд, изјави портпарол на полицијата.
Пукањето се случило во детски центар во провинцијата Ног Буа Ламфу. Меѓу жртвите има и деца и возрасни.
Се трага по убиецот, кој е поранешен полицаец. паг/