• сабота, 06 јули 2024

Најмалку 14 загинати во нов тајфун на Филипините

Најмалку 14 загинати во нов тајфун на Филипините
Манила, 13 ноември 2020 (МИА) - Најмалку 14 лица загинаа денеска на Филипините во налет на нов тајфун, трет што го погоди архипелагот во последните неколку недели.
Шефот за цивилна заштита Рикардо Халад изјави дека најмалку осум лица се повредени, а 14 се водат за исчезнати.
Се стравува дека бројот на настрадани може да биде поголем.
Армијата објави податоци за 39 мртви и 22 исчезнати.
Дел од населението е евакуирано, но поплавите веќе ја погодија Манила и неколку околни провинции.
Новиот тајфун доаѓа неколку недели по ударот на два тајфуна во кои загинаа десетици луѓе и во кои беа поплавени големи земјоделски култури. паг/
 

Остани поврзан