• вторник, 22 октомври 2024

Најмалку петмина загинати во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа

Најмалку петмина загинати во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа

Тел Авив, 22 октомври 2024 (МИА) - Најмалку пет луѓе се убиени во израелски напади на северот на Појасот Газа, јави ДПА цитирајќи медицински лица.Палестинската Црвена полумесечина објави „ужасни сцени“ при транспортот на телата, меѓу кои имало и деца.

Најмалку 27 други луѓе се повредени во артилериски оган врз бегалскиот камп Џабалија.
Израелската армија засега не соопшти за нападите

Израелската армија повторно ги засилува операциите против Хамас во северниот дел од Појасот Газа. Хуманитарните организации соопштија за катастрофални состојби во затвореното подрачје. зш/

Остани поврзан