• сабота, 16 ноември 2024

Најмалку едно лице загина при руски напад врз Одеса

Најмалку едно лице загина при руски напад врз Одеса

Киев, 15 ноември 2024 (МИА) – Едно лице загина, а десет се повредени при синоќешниот руски воздушен напад врз Одеса.

Во самиот центар на Одеса е уништена повеќекатница, становите се запалија, а најмногу настрадаа становите на највисоките катови. Оштетени се и околу 30 автомобили, објави гувернерот на Одеса, Олех Кипер на Телеграм.

Тој додаде дека во непријателскиот оган е оштетен и цевководот за централно греење, како и котларницата.

Додека градоначалникот на Одеса, Хенадиј Труханов изјави дека 40.000 луѓе се без греење.

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека уништила 25 од 29 беспилотни летала и една од ракетите Кх-56/69.

Одеса од почетокот на војната е честа цел на руски напади, како и пристанишниот комплекс во близина на градот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан