• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најголемиот меѓународен аеродром во Романија ќе има нов терминал

Најголемиот меѓународен аеродром во Романија ќе има нов терминал

Букурешт, 10 април 2025 (МИА) - Најголемиот меѓународен аеродром во Романија, „Хенри Коанда“ ќе има нов терминал, соопшти Националната компанија за аеродроми во Букурешт. Проектот, проценет на 40 милиони евра, е посочен како најголем и најкомплексен проект за аеродромска инфраструктура во земјата.

Новиот терминал треба да биде готов до 2040 година, а ќе има приближна површина од 176.000 квадратни метри. Ќе може да опслужува 30 милиони патници годишно, а кога ќе има гужви ќе можат да бидат опслужени 6.500 патници на час.

Проектот има за цел да користи зелени и модерни технологии, вклучително и вештачка интелигенција, на новиот терминал. Ќе биде дизајниран според највисоките стандарди за Шенген и надвор од Шенген зоната и ќе има големи простори за пристигнување, заминување и транзитни патници. Терминалот ќе се гради модуларно за да може постепено да биде пуштен во употреба, а меѓу него и сегашниот терминал ќе има патишта и подземни премини.

Објектот ќе има модерни постојки за такси и јавен превоз, како и специјално одредени места за автобуси за да се избегне сообраќајниот метеж. Ќе биде поврзан и со патната и со железничката мрежа. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан