• понеделник, 23 декември 2024

Од денеска почнува препрограмата на „Beach Film Festival“

Од денеска почнува препрограмата на „Beach Film Festival“

Охрид, 3 јули 2024 (МИА) - На плажата Сараиште во Охрид како претпрограма од денеска до недела ќе бидат прикажани филмови за сите возрасти, во рамките на седмото издание на „Beach Film Festival“. Проекциите се од отворен карактер и бесплатни за сите посетители.

Фестивалот ќе се одржува од 17 до 21 јули оваа година и ќе понуди програма со филмски проекции и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа на плажите Славија и Сараиште, Брод Армада и Младински културен центар.

Оваа година, во фокус е Шпанија со поддршка од шпанската Амбасада во земјава и ќе се прикажат филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите.

Филмовите ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. 

-Beach Film Festival секоја година расте не само квантитативно со бројот на филмови кои се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови. Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот, велат организаторите. бт/бак/

Фото: плакат

 

Остани поврзан