• вторник, 01 октомври 2024

Српската министерка за евроинтеграции Мишчевиќ во посета на Скопје

Српската министерка за евроинтеграции Мишчевиќ во посета на Скопје

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе биде домаќин на министерката за евроинтеграции во Владата на Република Србија, Тања Мишчевиќ, која е во еднодневна официјална посета на Скопје.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, двете делегации ќе имаат билатерален состанок на кој ќе биде потпишат меморандум за соработка во областа на европската интеграција.

Предвидено е Маричиќ и Мишчевиќ по средбата да одржат прес - конференција. вг/бак/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан