„Современа скулптура“ изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија
- Во Галерија Ко Ра, Дом на култура ,„Кочо Рацин" во Скопје, вечер (20:00) ќе биде отворена изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Во Галерија Ко Ра, Дом на култура ,„Кочо Рацин" во Скопје вечер (20:00) ќе биде отворена изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура.
- Уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се материјализираат преку финалниот облик на идејата, се вели во соопштението од ДЛУМ.
На изложбата ќе учествуваат со дела авторите: Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Марина Цветановска-Мартиновска, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска Семенпеева и Гоце Стоилковски.
Секоја година, потсетуваат од ДЛУМ, семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, која што ќе биде соопштена на отворањето на изложбата.
Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија. Изложбата ќе биде отворена за посета до 11 ноември годинава. цр/лв/
Фото: ДЛУМ