• недела, 22 декември 2024

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, ќе се обрати и мандатарот за формирање нова влада, Мицкоски

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, ќе се обрати и мандатарот за формирање нова влада, Мицкоски

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи шестата седница на Генералното собрание на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа. 

Делегатите на ова највисоко тело на ЗЕЛС, составено од сите градоначалници во земјава, како и од членовите на Комитетот на советите при ЗЕЛС, како што е најавено, ќе ги разгледаат и важните извештаи од работењето на Заедницата.

Од ЗЕЛС соопштија дека пред делегатите ќе се обрати претседателот на Заедницата, Орце Ѓорѓиевски, како и мандатарот за формирање на нова влада, Христијан Мицкоски, кој ја прифатил поканата од ЗЕЛС да ги изнесе ставовите и заложбите на идната извршна власт за обезбедување на взаемна соработка за унапредување на процесот на децентрализацијата на власта во земјата и обезбедување на подобра финансиска стабилност на општините. цр/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан