• вторник, 05 ноември 2024

Промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“

Промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Во чест на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, издавачката куќа „Матица македонска“ вечер од 19 часот во Паркот на книгите на „Матица ексклузив“ ќе ја промовира книгата „Македонска љубовна лирика“.

Изданието е приредено од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновскии и е посветено на раѓањето на Андреевски - авторот на стихозбирката „Дениција“ за која „Матица македонска“ наведува дека е „македонска химна на љубовта, жената и татковината“.

-„Македонска љубовна лирика“ е книгата што ни ја враќа вербата дека и во нашево време може вистински да се љуби и македонската поезија да се чита со страст. Станува збор за најобемниот тематски избор од современата македонска поезија објавен досега, во кој на близу 500 страници се поместени близу 350 најубави љубовни песни од македонски современи поетеси и поети од сите генерации. Покрај канонските автори, во изданието се застапени и автори на коишто досега не им се посветило заслужено внимание, македонски автори што создаваат на други јазици, а чиешто творештво е препеано на македонски и автори од најновите генерации, информира „Матица македонска“. 

На промоцијата на книгата, стихови ќе интерпретира актерот Роберт Вељановски, а ќе има и музичка програма на Драган Мијалковски. хс/са/

Фото: Матица македонска

 

 

 

Остани поврзан