Промоција на Здружението за помош и поддршка на лица со афазија - ХОУП
- Во Скопје денеска ќе биде промовирано Здружението за помош и поддршка на лица со афазија ХОУП.
Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Во Скопје денеска ќе биде промовирано Здружението за помош и поддршка на лица со афазија - ХОУП.
Како што наведуваат основачите, Здружението е формирано со примарен фокус на промовирање, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите на лицата со афазија и лицата кои водат грижа и нега за нив, како и практикување на дејности и активности со цел подигнување на јавната свест за афазијата како состојба.
Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, до кои доаѓа поради мозочно оштетување. Мозочните повреди може да бидат предизвикани од повреди на главата при сообраќајни несреќи, тумори, поради недоволно снабдување на мозокот со крв итн. Најчеста причина за афазија е мозочен удар. вг/са/
Фото: МИА Архива