• вторник, 09 јули 2024

Промоција на албумот на Виктор Стојчевски и изложба на Марија Јаќовска во „Буква“

Промоција на албумот на Виктор Стојчевски и изложба на Марија Јаќовска во „Буква“

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Промоција на првиот албум на „Кенопсија“, новиот авторски проект на младиот музичар Виктор Стојчевски, ќе се одржи вечер во кафе-книжарницата „Буква“, во Скопје.

-Кенопсија е морничава атмосфера на некое место кое обично е преполно со луѓе, но сега е празно и тивко. Кенопсија е новиот соло проект на Виктор Стојчески и преку него ќе се бори со напуштените сеќавања и сѐ што ќе биде, желбата да се побегне и бунтот против сите очекувања, вели Иван Николов за албумот.

Истовремено со, како што се најавува, слушачката промоција на албумот, во галерискиот простор во кафе-книжарницата ќе биде отворена и изложбата на колажи и графики на младата уметница Марија Јаќовска.

Настанот е организиран од младинското неформално здружение „Култура бета“ во соработка со кафе-книжарницата „Буква“. вг/ев/

Фото: „Култура бета“

Остани поврзан