• понеделник, 23 декември 2024

Почнува меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Почнува меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Од денеска до 5 јуни ќе се одржува меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ во Долно Лисиче и општина Аеродром, во чест на празникот Св.Троица, што воедно е и пратрон празник на Долно Лисиче.

Официјалното отворање на фестивалот е утре, по најавеното дефиле на сите учесници по главна улица низ Долно Лисиче.

Учесници на овој фестивал се домаќините и организатори КУД„Гоце Маркоски“, фолклорни групи од Бугарија, Србија, Косово, како и фолклорни групи од Крива Паланка, Вевчани, Гостивар и Скопје.

- Овој фестивал има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите од балканот и европа, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини на напиот главен град, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци. Од самото започнување во 2015 година па се до минатата година, на меѓународниот фестивал „Св.Троица“ учество имаат земено групи од Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Романија, Словачка и Полска, соопштија организаторите на фестивалот. цр/са/

Фото: КУД„Гоце Маркоски“

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан