• вторник, 05 ноември 2024

Отворен ден на ФЕИТ

Отворен ден на ФЕИТ

Скопје, 6 мај 2023 (МИА) - Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), заедно со факултетското студентско собрание при ФЕИТ, денеска напладне организираат отворен ден „Coffee@FEIT edition 3.0“ во дворот на Факултетот. 

Настанот, како што посочуваат од ФЕИТ, има неформален карактер на кој ќе се дружат студентите, наставниот кадар и сите средношколци.

Присутните ќе може да учествуваат и да се забавуваат со EscapeLab тимски натпревар за средношколци  (со награди за првите три тима) и со музички перформанс на официјалниот бенд МИА&МАРКО, како и на средношколските бендови од средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин“ Скопје и „Таки Даскало” Битола. Учесниците може да учествуваат и на Board games поддржано од компанијата Goblin Games.

-Отворениот ден со ваков неформален карактер се случува веќе трет пат, односно имаме инклузивен настан каде во содржините на денот учествуваат и посетителите на настанот. Имено, тие може да учествуваат во игрите, да се забавуваат на натпреварите, да бидат дел од музичките перформанси на групите, вели деканот на ФЕИТ професор д-р Димитар Ташковски. мс/бак/

Фото: ФЕИТ

Остани поврзан