• сабота, 21 декември 2024

Одбележување на Меѓународниот ден на ХМЛ (Хронична миелоична леукемија)

Одбележување на Меѓународниот ден на ХМЛ (Хронична миелоична леукемија)

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Меѓународниот ден на ХМЛ (Хронична миелоична леукемија) и септември како месец посветен на подигнување на свесноста за ракот на крвта денеска ќе бидат одбележани во библиотеката „Другарче“.

Според програмата, ќе се обратат министерот за здравство Арбен Таравар, Пепо Леви од Здружението на пациенти со ХМЛ, доктори од Универзитетската клиника за хематологија, претставници од Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели - ХЕМА - ОНКО.

Септември како месец за подигнување на свеста за ракот на крвта е глобален настан посветен на подигнување на свеста за еден од најзастапените и животозагрозувачки видови на рак во светот - ракот на крвта (лимфом, миелом, леукемии, миелопролиферативни неоплазми, и др)

- Подигнувањето на свеста за ракот на крвта, препознавање на првите знаци и симптоми можат многу да помогнат во подобрување на раната дијагноза која значи подобар исход во лекувањето. Даваме помош и поддршка на сите лица кои се заболени од некој вид на рак на крвта за да знаат дека не се сами, дека се слушнати и разбрани. Свесни сме дека заболените се уште ја немаат потребната гама на лекови, а во процесот на лекување се јавуваат бројни бариери и недостатоци, затоа апелираме до надлежните здравствени власти заеднички се обидеме да ги решиме проблемите на оваа група на заболени од ваков тип на животозагрозувачки болести и да овозможиме пристап до современите терапии без дискриминација, за секоја граѓанин на нашата земја, информира Здружението ХЕМА - ОНКО. мд/нд/

Фото: ХЕМА - ОНКО

Остани поврзан