• понеделник, 15 декември 2025

„Насилството низ призмата на културата - гласно и болно, но борбено“ во рамки на кампањата „Сложувалка“

„Насилството низ призмата на културата - гласно и болно, но борбено“ во рамки на кампањата „Сложувалка“

Битола,  5 декември 2023 (МИА) - Во големата сала за изложби - Музеј Битола денеска ќе се одржи настан во рамки на кампањата „Сложувалка“ под името „Насилството низ призмата на културата - гласно и болно, но борбено“.

На настанот ќе се обратат министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, програмската аналитичарка во УНФПА, Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, директорката на манифестацијата Охридско лето, Наташа Поповиќ, како и авторката Јасмина Атанасова.

Настанот е во организација на Министерството за труд и социјална политика и канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршката на Британската амбасада.свс/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан