• недела, 24 ноември 2024

Концерт за деца со оркестарот на Филхармонија

Концерт за деца со оркестарот на Филхармонија

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Оркестарот на Македонска филхармонија денеска ќе го одржи концертот за деца насловен „А Zoo Called Earth“. Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови. На програмата се „Карневал на животни“ од К. Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуелизација и анимацијата се на Иван Коминовски.

- Приказната е за еден магионичар кој понекогаш е кловн, но секогаш - чувар на нашата планета. Заедно со оркестарот на Филхармонија и еден „вонземјанин“ ќе ги поведат најмладите на магично музичко патување со „Карневалот на животните“од К.Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П.Шикл. Преку многу музика, интеракција и анимација децата ќе учат за животните, за природата и ќе ги потсетиме колку е важно да ја чуваме и сакаме нашата планета земја, истакнаа од Филхармонија.

Концертот се реализира во соработка со Театар „Златен Елец“ Скопје. см/сп/

Остани поврзан