• петок, 22 ноември 2024

„На секое дете му треба семејство“ - кампања за згрижувачки семејства

„На секое дете му треба семејство“ - кампања за згрижувачки семејства

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“ во Скопје денеска ќе биде претставена кампањата за згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“.

Кампањата, како што е најавено, ќе ја претстават министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

На настанот ќе присуствуваат згрижувачки семејства и стручни лица од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Тие ќе имаат можност да споделат свои искуства, ќе зборуваат за тоа каква институционална поддршка им треба на згрижувачите и како да се подобри квалитетот на услуги и зголемување на бројот на згрижувачки семејства. дма/бак/

 

Остани поврзан