• понеделник, 14 октомври 2024

Изложба „Само (до) вербата“ на Христина Тарабунова

Изложба „Само (до) вербата“ на Христина Тарабунова

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Во Културно информативениот центар (КИЦ) во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Само (до) вербата“ на Христина Тарабунова, која ќе биде изложена до 18 октомври. На изложбата ќе бидат претставени 12 нови и симболички  дела, каде што извор на инспирација e главното и генералното верување во себеси и своите способности.

Како што соопштија организаторите, појдовна точка на овој проект е создавањето на врска со самиот себе, нежно пријателство со немирот и барање лек за стравот. Делата се претставени во релјефен стил со акрил техника на големи платна и носат длабока носталгичност, а истовремено зборуваат со самодоверба.

Главната цел на Тарабунова, како што вели, е да ја разбуди свеста кај луѓето и да ги охрабри самостојните уметници, но и да влијае врз таа деструктивна врска каде се дозволува да се повредуваат нашите лични граници, непокането да влегуваат и да излегуваат од нашиот интимен простор, не грижејќи се за емотивните повреди каде се губи нашата индивидуалност.

Христина Тарабунова е мaгистер по туризмологија при Универзитетот за туризам  во Скопје, работи туризам во Град Скопје и е лиценциран туристички водич, со многу интереси, како финансии и инженерство. Има искуство со работилници за редизајн на јавни површини во соработка со Град Скопје, но и цртање на мурали. бт/дма/

Фото: плакат

 

Остани поврзан