• понеделник, 23 декември 2024

Изложба по повод 61 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Изложба по повод  61 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Во Музејот на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ по повод одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година.

Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот.

Изложбата е посветена на културата и културните институции, на последиците од земјотресот и на нивното функционирање во постземјотресни услови.

Поголемиот дел од скопските музеи претрпеле големи и неповратни штети. Народната и универзитетска библиотека, Народниот театар, и други културни институции, биле толку многу оштетени што немале ни најелементарни услови за работа. Разурнатите згради на издавачките и новинско-издавачките претпријатија, до крајни граници го отежнувале нивното нормално работење. Многу од спомениците на културата, како и тврдината Кале, биле целосно разурнати. Ударот уништил многу значајни историски документи и уникатни експонати. Под урнатините останале значајни артефакти - сведоци на бројни цивилизации кои опстојувале на скопското тло. дма/бак/

Фото: Плакат

Остани поврзан