• петок, 22 ноември 2024

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Скопје, 2 август 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август - Илинден, кој традиционално се одбележува во Крушево, ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп - Крушево, патот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.

За доаѓање на манифестација во Крушево денеска треба да се користат патните правци: Прилеп - Битола - по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево, посочуваат од МВР, вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан